При претрес во гостиварско, полицијата уаспила двајца жители од село Врапчиште бидејќи кај нив пронашла дрога.

Вчера околу 16.30 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ш.(25) и В.И.(30) од гостиварско Врапчиште, бидејќи при нивен и преглед на нивното патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана.

Нешто подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории на С.Ш., при што била пронајдена и одземена марихуана.

Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.