Шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО. Таа на работа стигна со службено возило, а влезе низ гаражата, објави „Макфакс“.

Засега не е познато дали е прекинато боледувањето на Јанева, но познато е дека ќе се сретне со колегите обвинители кои се оградија од неа во вторникот откако се отвори истрагата за случајот „Рекет“ каде таа се поврзува, но засега не е осомничена.

Јанева од минатиот понеделник, 15 јули, не оди на работа, а потоа беше соопштено дека таа отворила боледување. Истиот ден откако таа престана да доаѓа на работа беа приведени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец осомничени за рекет на скопски бизнисмен.