Фото: Макфакс

Поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева денеска не е присутна во Апелациониот суд кој одлучува по нејзината жалба, како и по онаа на Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“, објавија повеќе медиуми.

Јанева, наводно, не е присутна поради здравствени причини, но седницата ќе се одржи бидејќи таа испратила писмо во кое наведува оти е согласна да се одржи јавна седница, според информации на „ТВ21“

Јанева беше осудена на седум години затвор, а Јовановски на девет во случајот „Рекет“.