Сведокот Орце Камчев на прашање на адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, рече дека во СЈО никогаш Јанева не му нудела спогодба туку Боки 13.

– Мене никој никогаш не ми понуди спогодување. Никој не ми нудел такво нешто, ниту заштитен сведок – рече Камчев.

На следното рочиште во вторник за „Рекет” ќе сведочат благајничката на Орце Камчев, Мирјана Бошковска, и неговата сопруга, Ана Камчева.