Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Кривичниот суд му ја одбил последната поднесена гаранција во вредност од околу два милиона евра, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од Кривичен.

Камчев неодамна ја поднел гаранцијата до судот, барајќи да излезе од притвор одреден за случајот „Плацовите на Водно“.  Се наведува дека гаранцијата се состоела од 1,7 милиони евра и 200 илјади евра во готовина.

Одбраната на Камчев има право да поднесе жалба на одлуката до Апелација, во рок од три дена.

Судскиот процес за предметот „Плацови на Водно“ почна на 16 јули. Следното рочиште е закажано за 10 септември, откако претходните две беа одложени.