Во сообраќајка со трагични последици една жена пешак го загуби животот на булеварот „Браќа Гиновски“ во населбата Малеарди.

Според првичните информации на СВР Тетово, сообраќајката се случила околу 13.30 часот кога камион налетал на жена пешак, а од силината на ударот жената починала на самото место. Идентитетот на жената пешак се уше не е познат.

Во моментов увидна екипа на полициска станица Гостивар и јавен обвинител вршат увид по што ќе биде појасно под какви околности се случил трагичниот настан. Едниот крак од булеварот во моментов е во прекин, а сообраќајот се пренасочува на двата кружни текови.