Осумдесетгодишна жена од село Чаниште е тешко повредена откако во неа вчера удрил камион на крстосницата од улиците Александар Македонски и Цане Илиоски во Прилеп.

Во незгодата М.А. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.