Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на регионалниот пат Прилеп-Кичево, во која животот го загуби едно лице.

Од МВР информираат дека до несреќата дошло кога товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.З.(60) од село Самоков-Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво во атарот на село Русјаци.

На пат за болницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а сопатникот С.А. (18) од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. МВР денеска соопшти дека по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.