Полициско возило „шкода јети“ синоќа во село Арачиново било каменувано додека полициските службеници вршеле обиколка.

Според информациите, додека поминувало возилото едно лице со камен го оштетило возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.