По вчерашните засилени акциски контроли во областа на сообраќајот од МВР информираат дека на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 262 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 80 санкции, 15 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, девет казни за возачи почетници, 27 санкции за управување без возачка дозвола.

Изречени се 31 казна за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири казни за минување на црвено светло, пет за некористење на сигурносен појас, три санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 56 казни за непрописно паркирање.

Од полицијата најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.