Полицијата синоќа во времето од 19 до 2 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во „диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл, информираат од МВР.