Деведесет и двајца возачи биле казнети бидејќи управувале возило под дејство на алокохол, откако синоќа во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи спровело акциска контрола на територијата на државата.

Тие биле веднаш исклучени од сообраќај и им биле изречени соодветни санкции, велат од МВР.

Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-19, Битола-15, Штип-15. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од министерството и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.