Полицијата вчера казнила 879 лица за неносење маска што е законска обврска од 1 мај. Од денеска, пак, маските за должителни насекаде, и во отворен и во затворен простор.

– Во текот на изминатото деноноќие (28/29.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 879 прекршоци – соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Казната за неносење маска е 20 евра.