Полицијата казни 53 пешаци во Тетово и Гостивар, 35 поминувале улица надвор од пешачки премини.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска, од 8 до 12 часот, спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот, односно дали и колку тие ги почитуваат важечките знаци, правила и прописи.

Во Тетово биле констатирани 42 прекршока, од кои 30 се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Санкционирани се и 11 други видови прекршоци.

Во контролата реализирана денеска во Гостивар санкционирани се 11 пешаци, од кои шест се движеле по коловоз и пет што преминувале улица надвор од обележани пешачки премини. Санкционирани се и шест други видови прекршоци.