Полицијата за еден ден казнила 461 возач во Скопје, од кои 38 возеле без возачка, а 16 биле под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 461 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 38 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 16 мерки за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска – соопшти МВР.

Од таму најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.