Фото: Игор Бансколиев

Полицијата вчера казнила 415 лица за неносење заштитна маска.

– Во текот на изминатото деноноќие, 29/30.08.2020, на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци – соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.