Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 144 мерки од кои 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 7 мерки за возење под дејство на алкохол и други останати 104 прекршоци.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – соопшти МВР.