Полицијата денеска казнила 101 возач за брзо возење во Куманово, Крива Паланка и Кратово.

– Денеска на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 101 возачи, од кои 68 на територија на Куманово, 26 на територија на Крива Паланка и седум на територија на Кратово – соопшти МВР.

Од таму најавија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – велат од МВР.