Триесет и четиригодишниот кавадарчанец Б.О. украл „југо” и предмети од пет други возила, ноќта помеѓу 7 и 8 октомври, утрината бил пронајден и лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– На улицата  „Методи Џунов – Џикот“ во Кавадарци, извршени биле кражби од две товарни и три патнички возила и украден бил патнички автомобил со кавадаречки регистарски ознаки.

По преземени мерки и активности од страна на униформираните полициски службеници од полициската станица во Кавадарци, во раните утрински часови бил пронајден сторителот со украдените предмети, појасни Додевски.