Истражители од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција влегле во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), според неофицијални информации кои ги пренесоа повеќе медиуми, повикувајќи се на извори во Обвинителството.

Истражителите, наводно, се испратени во врска со информациите за распределбата на бонусите во СЈО, со цел да соберат документација за поделбата на парите.