Привремениот пасош на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја“ му истекува во ноември.

Ова беше соопштено на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд.

Бизнисменот Орце Камчев осомничен во „Империја“ побара привремен пасош поради неодложни службени патувања, кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што достави и докази.

Тој побара пасош во траење од осум месеци за што и СЈО даде позитивно мислење, а судот му одобрил за шест месеци.

Неизвесно е што ќе се случува по отворањето на истрагата за „Рекет“ и дали до судот има доставено нови барања од адвокатите на осомничените во „Империја“ за укинување на мерките што ги побара СЈО.