На Градскиот стадион во Валандово синоќа биле искршени повеќе од столчињата на трибините, информираше денес градоначалникот Перо Костадинов.

Вандалите искршиле повеќе од педесет столчиња со што е направена значителна материјална штета.

Столчињата се монтирани на трибините пред неколку години, а претходно се користеле на отворената сцена во Домот на културата.

Случајот е пријавен во полицијата.