Тетовската полиција во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршилa контрола во угостителски објект на улицата Видое Смилевски Бато, во кој биле затекнати околу 80 гости.

Објектот бил затворен од ДПИ, а одговорното лице, 38-годишниот Д.С. од Мала Речица, бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.