Унгарија позитивно одговорила на барањето за азил на поранешниот македонски премиерот Никола Груевски, јавува албанската агенција ИНА, повикувајќи се на свои извори во канцеларијата за миграции на Унгарија.

Според агенцијата, Груевски добил азил врз основа на барањето кое го поднел во амбасадата на оваа европска земја во Тирана, Албанија.

И унгарските медиуми утрово јавија дека Канцеларијата за миграции на Унгарија донела одлука за азилот на Груевски, но не е соопштено дали таа е позитивна или негативна.

Неофицијално, медиумите јавуваат дека Груевски сепак добил азил.

Во меѓувреме, македонската министерка за правда, Рената Десковска денеска најави дека барањето за екстрадиција ќе биде испратено до Унгарија денеска.