Стотина припадници на Армијата ноќеска го гасеа пожарот кај Кочани. Утрово се веќе ангажирани два армиски хеликоптери. Илјада припадници на Армијата се на располагање да бидат упатени за помош каде што во текот на денот ќе се појави потреба, соопшти преку Твитер министерката за одбрана Радмила Шекеринска по утринската вонредна координација.

Таа информираше и дека Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гаснење на пожарите во Македонија, заблагодарувајќи му се на словенечкиот колега Матеј Тонин.

– Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин – Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас. Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј! – напиша Шекеринска.