Илегалци од Куба биле фатени на македонско – грчка граница. Како што информира МВР, вчера во 11.15 часот во селото Драгош, Битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26) од Куба, при обид илегално да ја преминат македонско – грчката граница.

По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во земјава на Граничниот премин „Табановце“, по што се обиделе да заминат во Грција. Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.