Постара жена била ограбена од момче на возраст над 20 години во скопски Аеродром, соопшти полицијата.

Според истиот извор, вчера во 15:30 часот Е.К.Ф.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13 часот на булеварот „Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои предходно ги извадила од банка не биле во ред, по грешка и биле дадени, и дека требала да ги врати за да се заменеле.

Потоа лицето водејќи ја под рака оштетената ја поминале улицата, по што и кажал да му ги даде нему парите, а тој ќе ги сменел во банка и ќе и ги врател. Оштетената му дала 9.000 денари и се договориле да го чека кај тениското игралиште, но истиот не се вратил.

Во Полициската станица Карпош, вчера во 11 часот И.М.(78) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот на автобуската постојка кај поликлиниката Букурешт од страна на лице на возраст од околу 40 години му била извршена измама.

Имено, оштетениот додека чекал автобус на автобуската постојка му пришло лицето и му рекло дека има некоја грешка во банката каде претходно ги подигнал парите од пензијата и дека треба да се врати назад за да се исправела грешката.

Двајцата заедно тргнале да одат кон банката, по што лицето му рекло да му ги даде нему парите, а откако пријавителот му дал 8.000 денари лицето почнало да разговара на телефон и му рекло да оди во банка, додека тој го напуштил местото на настанот. Кога И.М. стигнал во банката на вработените им кажал за настанот и од нивна страна му било кажано дека бил измамен и да го пријави случајот во полиција.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.