Во најпознатиот ранч во кичевско и еден од најсовремените во земјава, „Норас ранчот“ ,избувна силен пожар во поткровната конструкција на пансионскиот и угостителскиот дел од објектот.

По брзата интервенција на екипа на ППБ Кичево , спречен е пожар од пошироки рамери. Сепак според првичната проценка направената штета и нее така занемарлива.Во време на пожарот неговиот сопственик Енвер Алими се наоѓал во Германија.

-Од она што ми беше пренесено телефонски, со пожарот бил зафатен пансионскиот дел и поткровната конструкција на објектот .Според моите проценки, направената штета нее помала од 150000 евра.Уште утре се враќам во Македонија, за и самиот да видам што све зафатил синоќешниот пожар и да почнам со санација на опожарените објект, за да се спречи уште поголема штета на самиот објект. Навистина незнам кои се причините за овој пожар.-рече Енвер Алими , при денешниот раговор.Инаку ранчот е отворен пред две години, се состои од неколку објекти во кои се сместени , коњите , краварска и козарскат фарма, оделот за стерилизација на млеко, складот со храна и хотелско –угостителскиот објект.Овој ранч во текот на годината го посетуваа голем број странци од Германија, Австрија, Швајцарија а имаше и гости од далечната Аргентина и за кратко време стана планетарно познат.