Вчера во 14.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. 146 во Тетово, сопственост на Е.Р.(65) од тетовско Доброште. Повредени лица нема, а опожаренa била дрвената конструкција на покривот.

Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица и граѓаните пожарот бил локализиран. Извршен бил увид, соопшти полицијата.