Утрово околу 4 часот во Берово, во близина на градските гробишта, настанал пожар во пилана при што објектот целосно изгорел.

Како што соопшти МВР, на местото на настанот интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Берово.