Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен и го изгаснале пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот.

Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.