Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ноќеска интервенирала на пожар кој избувнал во куќа лепенка на улицата „Стари Новаќиња“ во населбата Драчево.

Опожарени биле околу 40 метри квадратни, а е причинета материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил пријавен во 2.05 часот, а гаснењето траело до 4.05 часот. На терен биле испратени 13 пожарникари со пет противпожарни возила.