Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре во пожар, при што причинета е голема материјална штета.

Според изјави на очевидци, куќата била напуштена и во пожарот нема повредени лица.

Синоќа ЕВН на неколку минути ја исклучи струјата во населбата поради пожарот.

Противпожарната бригада интервенираше со четири возила и 11 пожарникари, а пожарот беше изгаснат во утринските часови.