Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР.

– Вчера настанал пожар во трајлер, со полски национални ознаки, сопственост на М.З.(45) од Полска, кој бил целосно опожарен. Пожарот делумно зафатил и друг трајлер со полски национални ознаки, сопственост на В.З.(45) од Полска – соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.