Вчера околу 04.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. Браќа Даневи во Штип настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Б. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.