Викендичка синоќа изгоре во пожар во село Побожје, Скопско.

Според информациите на МВР, вчера околу 22.20 часот во полиција било пријавено дека во викендичка во село Побожје, сопственост на А.Р.(38) од Скопје, настанал пожар, при што изгорел првиот кат.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно локализиран.