Фото: Принт-скрин

Автомобил се запали на булеварот „ВМРО“ спроти „Македонска пошта“, пренесуваат повеќе медиуми. Во пожарот се зафатени уште три автомобили коишто биле паркирани во близина.

Теиторијалната противпожарна бригада на Град Скопје го изгаснала пожарот пријавен во 13.32 часот, откако на терен испратила две возила, според последните информации.

Случајот во полиција го пријавиле жителите на околните згради кои го забележале возилото како гори.

Засега нема информации како настанал пожарот и дали има повредени лица.