Автобус кој превезувал ученици на екскурзија изгорел на регионалниот пат Штип-Неготино, на клучката кон штипското село Пиперово. Повредени патници нема.

Полицијата информира дека настанот е пријавен во 10 часот од страна на Територијалната Противпожарна единица-Штип.

Во автобусот имало околу 40 ученици од трето одделение кои заминале на настава во природа во штипското село Пиперово. Наставниците и возачот на автобусот забележале дека автобусот чади, со што веднаш сите излегле од автобусот, а возачот повикал противпожарна.

Истрагата е во тек.