Вчеравечер околу 19.45 часот Ф.М.(44) од Кичево, во ОВР-Кичево пријавил дека во неговата куќа на улица „Партизански одреди“ во Кичево, се појавил пожар на покривната конструкција. Благодарение на навремената интервенција на екипа на ТППЕ-Кичево, пожарот е целосно изгаснат. Причината за овој пожар и висината на направената штета допрва ќе се утврдуваат. З.А.