Вчера околу 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на местото викано „Купеник“, покрај регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, настанал пожар, при што горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Околу 01.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на с.Цер, Кичевско, настанал пожар, каде била опожарена сува трева и борова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

Околу 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека над селото Колибари, Кичевско, настанал шумски пожар, при што гори нискостеблеста дабова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.