Скопското Јавно обвинителство информира дека денеска бил извршен претрес на неколку стана во Скопје.

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска е извршен претрес во повеќе објекти, информираат од оваа институција.

Додават дека претресот е во рамките на истражните дејства во предметот што во јавноста е познат како „Плацови на Водно“.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејства во насока на целосно расчистување на предметот, велат од таму.

Инаку, токму поради плацовите на Водно пред две недели во притвор беше спроведен бизнисменот Јордан Камчев, кој е осомничен за кривичното дело перење пари.

Во случајот „Плацови на Водно“, освен Никола Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.