Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, информираат од министесртвото за внатрешни работи.

Според информации од таму, претресот кај тројцата полициски службеници бил извршен поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот Законик.

Според МВР, биле извршени и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.