Од водите на Вардар е извлечено и телото на 45-годишен маж кој утринава скокнал во реката кај Гостивар за да спаси 19-годишна девојка.

Претходно околу 3 часот изутринава спасувачите успеале да го извлечат телото на 19- годишна девојка од водите на реката Вардар.

Ноќеска неколку минути по полноќ повеќе граѓани од Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека од малиот метален мост во близина на гостиварскиот голем пазар во водите на Вардар скокнала жена и дека веднаш по неа, најверојатно со намера да и помогне и да ја извлече од водите, скокнал и еден маж.

Веднаш започнала потрага по нив, долж течението на реката Вардар и некаде околу 3 часот во близина на детско игралиште во селото Старо чајле пронајдено е безживотното тело на 19-годишната девојка.

Во тек е истрага за настанот. Извршен е увид од гостиварската полиција и обвинителството. По наредба на обвинител врз беживотното тело на девојката ќе се изврши обдукција.