Фото: Маја Јаневска-Илиева

Извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева уште се наоѓа кај собранискиот спикер Талап Џафери. Засега е непознато кога документот кој содржи докази за за случајот „Рекет“ ќе се најде пред комисијата за избори и именувања. 

Претседателот на Комисијата за избори и именувањa Илија Димовски изјави дека веднаш штом го добие извештајот ќе свика седница на комисијата.

Постапката за разрешување на специјалната обвинителка Јанева започна откако советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека има закоски основи да биде разрешена од функцијата.

Поради истрагата која е во тек, најверојатно седницата на која ќе се разгледува извештајот ќе се одвива без присуство на јавноста. Покрај разрешувањето на Јанева, собранието треба да го разгледа и предложениот закон за Јавно обвинителство.

Од владејаќката партија денес повикаа опозицијата да даде придонес во донесувањето на законот, а во тек се и преговори со опозициските партии. Власта потврди дека нема да го менува законот за совет на јавни обвинители.