Фото: Игор Бансколиев и Маја Јаневска-Илиева

Пожар избувнал утринава во поранешен објект на Комерцијална банка во центарот на Скопје, во делот каде што се сместени државни институции на кеј „Димитар Влахов“.

Гори првиот кат од зградата каде што е сместен Државниот инспекторат за животна средина, а евакуиран е објектот во кој се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција (МИА).

При избувнувањето на пожарот немало вработени во просториите на Инспекторатот.

Противпожарни екипи интервенирале во гаснење на пожарот.