Скопјанката Ф.В.(68) е жената чие мртво тело беше пронајдено вчера во водите на реката Вардар во населбата Аеродром, информираше МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

Како што претходно беше јавено, телото на жената го забележал минувач на кејот и повикал полиција.