Зоран Теофиловски, кој е член на Судскиот совет, а кој е под истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово, утринава бил на распит во кривичниот суд. Неофицијално, тој сам се пријавил, а полицијата по него трагаше 24 часа.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Теофиловски е осомничен дека кон крајот на месец август 2011 година како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.

Со стореното кривично дело осомничените се гонат поради нанесена штета на буџетот од речиси 860 илјади евра.