Зоран Милески-Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката кај Стража во која загина 34-годишниот Евзаљ Селими од Гостивар.

Кичеец се спогодил со Обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Несреќата се случи на 4 септември годинава и во неа загина гостиварецот Селими. Четворица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и Кичеец поминаа со полесни повреди.

Во моментот кога се случи несреќата Милевски-Кичеец одлежуваше тригодишна затворска казна во затворот во Струга, но му беше дозволен 30-дневен прекин на казната.