Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, попладнево, во 17 часот и 10 минути, регистрирала земјотрес со епицентар 120 километри југоисточно од Скопје, во струмичкото епицентралното подрачје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда 2,6, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението.