Фото: Архива

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, по едногласно утврдениот предлог до Собранието за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, рече дека очекува едногласно да биде донесена и одлуката во парламентот.

– Чекаме од Талат Џафери да ја свика пленарната седница за гласање по заклучокот. И ние како партија жалиме што седницата не беше отворена за јавност, но не треба да бидете загрижени дека има не знам што во извештајот. Се надеваме дека многу бргу ќе почне судскиот процес и ќе се расчисти маглата во врска со овој случај – изјави пратеникот Мухамед Зекири по завршувањето на седницата на Комисијата за избори и именувања.

За тоа дека негови сопартијци се повикани на распит во судот за случајот „Рекет“, Зекири рече дека дел од процедурата е да бидат повикани, а истрагата ќе покаже дали некој е вмешан.

Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.